Собрание го верификуваше мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева
- Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од работата на 58. седница го верификуваше мандатот на пратеникот Снежана Калеска-Ванчева која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов.
Како што претходно објави МИА, пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Атанасов се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека го известиле наредниот кандидат, Снежана Калеска-Ванчева од листата на кандидати за пратеници за ИЕ 1 од СДСМ и коалиција. Во законскиот рок Калеска-Ванчева ја известила Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието по што и е издадено уверение.
На седницата не беа присутни пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците се на пауза, а со работа ќе продолжат во 15:30 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка