Соботка: Спречен е евентуален терористички напад во Виена
Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка синоќа потврди дека полицијата спречила можен терористички напад, а осомничен е австриски државјанин од албанско потекло.
Тој на прес-конференција, која е веднаш закажана по објавената вест во медиумите дека е уапсен еден исламистички радикализиран Албанец кој планирал бомбашки напад во Виена, изјави дека е уапсено лице кое е осомничено за тероризам. Тој укажа дека во 10-от виенски округ било уапсено 18-годишно момче, а во тек е истрага, поради што не биле соопштени подетални информации.
Соботка истакна дека укажувањата за уапсениот и можните планови за бомбашки напад се добиени од странство, но одби да каже која земја ги испратила предупредувачките информации.
Австрискиот министер нагласи дека осомничениот бил следен неколку дена од властите, а моментно се анализира поврзаноста на уапсениот со странство.
Тој изјави дека домашните безбедносни сили ќе останат во степен на зајакната приправност додека трае истрагата.
На прашањето кои биле планираните мети на осомничениот, Соботка одговорил дека станувало збор за подземната железница, но и напади слични на тој во Берлин и најновиот во Мелбурн.
Соботка ги повика граѓаните да бидат внимателни и да пријавуваат сомнителни ситуации.
Ново на Сител
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце
-
Тема на денот со Мартин Костовски, кандидат за Куманово и организациски секретар на СДСМ
-
Реакции по извештајот за напредокот на Македонија
-
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ
-
Георгиев: Спречивме Мицкоски да го искористи ЕП за политичка пропаганда
-
Приведени три лица за кои постои сомнение дека подметнувале пожари
-
18 лица побарале помош на Токсикологија како последица од пожарите
-
Обвинувања околу справувањето со пожарите