Соботка: Ревизијата на чешкиот безбедносен систем главно со позитивни резултати
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека безбедносниот систем на земјата е поставен добро, но додаде дека сепак ревизијата на националната безбедност покажала недостатоци кои треба да се решат.
Ревизијата била побарана од негова страна, по терористичките напади во Европа минатата година, траела една година и денеска извештајот беше објавен на Интернет страницата на Владата, јави дописникот на МИА од Прага.
Безбедносната ревизија имала за цел да ја провери подготвеноста на земјата да се соочи со актуелните сериозни безбедносни закани, како и нејзината способност при директна конфронтација со опасност.
- Резултатите од ревизијата беа доста позитивни. Безбедносниот систем на Чешка во основа е поставен добро. Заканите кои се обработувани подолг период се опфатени и не бараат големи промени, оцени Соботка.
Соботка изрази надеж дека резултатите од ревизијата ќе бидат прифатени на Владина седница и дека недостатоците кои ревизијата ги открила постепено ќе се решаваат.
Ново на Сител
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање