Соботка: Предлогот на Лондон за реформи на ЕУ има проблематични области
Во предложениот договор за реформи на Европската унија, кои ги бара Велика Британија, се уште гледаме проблематични области, конкретно за социјалните бенефициии и т.н ,,заштитни кочници", изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка по средбата со претседателот Европскиот совет, Доналд Туск во Прага.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, соботка го информирал Туск за Самитот на Вишеградската група (В4), што се одржа вчера, потенцирајќи дека бил усвоен заеднички заклучок за поголема помош на Македонија и Бугарија за заштита на нивните граници.
Соботка повтори дека Чешка сака Лондон, кој се подготвува за референдум за излегување на земјата од Унијата, да остане меѓу 28-те земји-членки на ЕУ.
Граѓаните на ЕУ, кои работат во Велика Британија, имаат право на детски додаток иако живеат во своите земји.
Британскиот предлог, за кој Чешка има многу забелешки, смета на намалување на додатокот на животниот минимум на ниво на земјите од каде доаѓаат работниците.
Т.н. ,,заштитна кочница" треба на Велика Британија да и даде можност да ги ограничи исплатите на додатоците за луѓето, кои не се британски граѓани во случај кога социјалниот систем се соочува со голем притисок.
Ново на Сител
-
Путин: Русија може да помогне во посредувањето за договор меѓу Израел и Иран
-
Блумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови
-
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран, ИДФ повика на евакуација во иранскиот град Арак
-
Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште
-
Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица