Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.
И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата.
Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар.
Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите.
Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот.
По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
-

САД потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран
-

Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“ за пристап до електронски услуги и дигитални документи
-

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
-

Сител дознава: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
