Македонија
4. May 2019 - 11:56

Со возило ја „разнел" наплатната рампа Велес-Градско па избегал

Oколу 3 часот вчера автомобил влетал во наплатната рампа Стоби, на автопатот Градско-Велес.

Патничко возило „Мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од за сега непознато лице, удрило во сензорска рампа на втората наплатна кабина, ја оштетило и избегало.

МВР го истражува настанот.