Македонија
22. February 2026 - 17:10

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии

Со поставување видео надзор на најкритичните точки ќе се решава проблемот со дивите депонии .Во Охрид и околината мапирани се 30 диви депонии од кои на 20 секојдневно се забележува одлагање на отпад. Најкритична останува депонијата Буково.

Екологистите посочуваат дека потребни се казни за несовесните граѓани кои фрлаат отпад каде што ќе стигнат.

Драгана Карашова од иницијативата „Збогум Буково“- посочува   дека проблемот со дивите ѓубришта може да се реши инститиционално и законски.

Дополнителен проблем е и тоа што недостигаат инспектори за животна средина.

Екологистите алармираат дека во земјава мора да се менуваат лошите навики за намалување на загадувањето на животната средина.