Со велосипед од Виена до Горно Строгомиште Кичевско, со порака за „Чист воздух”
Со порака за чист воздух членовите на Клубот за велосипедисти „Ускана” Кујтим Зендели и неговата братучетка Афердита , поминаа 1.300 километри од Виена до нивното родно село Горно Строгомиште, кичевско.
Прием по овој повод за нив приреди градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, кој им посака нови успеси во наредниот период.
Велосипедистот Кујтим Зендели изрази задоволство што успеале, како што рече, да пренесат порака до сите луѓе за подигнување на свеста за почиста средина и поздраво тело.
-Во развиените земји велосипедот се користи почесто за разлика од кај нас. Но се надевам дека тоа наскоро ќе стане пракса и кај нас. Горд сум не за мене, бидеќи ова не ми беше прв предизвик, туку за мојата братучетка Афердита која за прв пат возеше долга патека. За дванаесет дена поминавме 1.300 километри од Виена,Австрија, потоа Унгарија, Хрватска, преку Србија и се разбира Македонија, односно Кичево поточно до нашето родно село Горно Строгомиште, рече Зендели.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред