Со средно медицинско бившата градоначалничка на Арачиново Халими стана инспекторка во Царина
Поранешната градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ, Миликија Халими се вработила во Царинската управа како инспектор во Сектор за контрола и истраги, потврдуваат од Царинската управа за „Фокус“.
Халими е вработена на определено време, а на работното место е со средно образование.
-Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, велат од Царина.
На социјалните мрежи беше објавена слика од објавата на Миликија на Фејсбук во која и самата објавува дека се врботила во Царинската управа, но таа објава веќе е избришана.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата