Со работна вечера почна Министерскиот состанок во Солун
По синоќешната работна вечера која, според грчките медиуми, поминала во топла и пријателска клима, шефовите на дипломатиите на Македонија Никола Димитров, на Грција Никос Коѕијас, на Бугарија Екатерина Захариева и на Албанија Дитмир Бушати, денеска во Солун го почнуваат формалниот дел од квадрилатералната министерска средба во чиј фокус се можностите за зајакнување на меѓусебната соработка.
Работна вечера беше во организација на домаќинот, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, а фотографии на официјалните Твитер профили, објавија и македонското и грчкото МНР.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во рамките на министерскиот состанок, шефовите на македонската и грчката дипломатија ќе одржат билатерална средба.
Третиот министерски состанок започнува во 10 часот по локално време со обраќање на Коѕијас кој ќе го отвори работниот дел.
На шефовите на дипломатиите на четирите земји ќе им се придружат и министрите за транспорт и за внатрешни работи. Ќе се разговара за прекуграничната соработка, за европерспективите на Западен Балкан, за влијанието на случувањата на Блискиот Исток врз регионот, за можностите за развивање на сообраќајната инфраструктура. Ќе стане збор и за соработката меѓу полициите, борбата против прекуграничниот и организираниот криминал и справувањето со миграцијата.
Министерскиот состанок ќе заврши попладне со заедничка прес-конференција.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот