Со претставата „Реалисти“ ќе завршат „Денови на српската култура во Република Македонија“

Годинешната продолжена манифестација “Денови на српската култура во Р.Македонија“ во организација Српскиот културно информативен центар СПОНА, ќе биде крунисана со претставата “Реалисти“ .
Текстот е на белградската авторка Јелена Кајго, режија Срѓан Јаниќијевиќ. Дел од проектот се и екипа на млади актери од Македонија (Ивица Димитријевиќ, Нина Деан Гачиќ, Владимир Петровиќ, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ), кои
заедно со Јаниќијевиќ со голема смелост и енергија влегоа во реализација на од неколку аспекти големиот предизвик и пионерски проект.
Станува збор за драма која третира повеќе современи теми. Оттуѓеноста на луѓето, нивната трка по финансии и престиж во машината на капитализмот каде парите се над и пред се. Вртоглаво секојдневие во натпреврот за “Успех во животот“ по цена на нарушено здравје, отсуство на емоции и љубов, нечовечност....
Самата подготовка на овој проект предизвика голем интерес поради што претставата “Реалисти“ ќе има две премиерни изведби на 6 и 7 декември во МНТ (20:00).
Во низата активности за 2018 годиниа освен претставата „Реалисти“, предвидена е и ликовна и фото изложба на делата на сликарите: Мирослав Масин, Микица Трујкановиќ, Љубица Мијалковиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Јовица Мијалковиќ, потоа, фотографиите на Боре Рудиќ, Јасна Суша и Лука Суша. Како и карикатурите на покојниот Дар Мар - Дарко Марковиќ, со што се заокружува овогодинешната продолжена манифестација на Културниот Центар Спона - “Денови на српската култура во Р.Македонија“.
Ново на Сител
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
