Македонија
27. August 2018 - 10:02

Со полумаратон „Струмица на улица“ се затвори Струмица опен фестивал

Синоќа по улиците на Струмица за прв пат се организраше ноќна полумаратонска трка во должина од 21 километри, како и трка на 5 и 10 километри.
 
Со овој полумаратон беше означено затворањето на годинашново, седмо по ред издание на Струмица опен фестивал.
 
На трките учествуваа околу 220 атетичари и атлетичарки од земјава и странство, а меѓу нив беше и министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој учествуваше во трката на 21 километри.
 
Во женска конкуренција во полумаратон првото место го освои Елена Димитровска, второто Греет Џенс Серафимовска, а третото место и припадна на Ирена Стоименова.
 
Во машка конкуренција најбрз беше Атанас Анчевски, второпласиран е Игор Јакимовски, а третото место го освои Тале Илијевски.
 
На најуспешните им беа доделни парични награди во износ од 30 илјади денари и медали, а наградите им ги врачи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
 
На патеката од 10 километри кај жените победи Даниела Алексова, а кај мажите првопласиран е Франко Ноти од Швајцарија.
 
Во трката на 5 километри за жени победи Магдалена Накова, а во машка конкуфенција најбрз беше Тоше Анчев.
 
Трките ги организира ЗСК „Југоисток“ и „Културно забавен живот“ од Струмица.