-->
-->
Со пат ќе се поврзат росоманските села Мрзен Ораовец и Камен Дол
-->
Општина Росоман ќе ја подобрува патната инфаструктура со два проекта одобрени преку Бирото за регионален развој.
- Со реализација на првиот проект ќе се подобри патната мрежа и квалитетот на животот, преку изградба на пат од село Мрзен Ораовец до село Камен Дол, инвестиција во износ од два милиона денари, соопшти денеска општинската служба за информирање.
Вториот проект опфаќа подобрување на патната инфраструктура преку подготовка на техничка документација за изградба на улици во општина Росоман, во должина од 2.500 метри, во износ од 495.600 денари.
Во наредниот период општина Росоман ќе пристапи кон тендерски процес, по што ќе следи и реализација на проектите
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
