Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал.
Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името посветено на Свети Василиј.
Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. Мигрантски кампови во земјава, политичката состојба во државата, инвестициите во Дубаи, запирањето на нафта и пари од САД за Куба.
Креативните вевчанци на сатиричен начин ја претставија виртуелната министерка во Албанската влада, а не ги заборавија ниту претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп. Големо внимание привлече групната маска во кампањата за локалните избори на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како и кампањата на движењето ЗНАМ.
Во Вевчани „дојде“ и „Шареното племе“ од Африка да го избрка злото.
Поворката ја предводеа зетот и невестата заштитувани од ѓаволи и глупави августи, веднаш зад нив одеше оркестарот со зурли и тапани.
Вевчани изминатите два дена претставува отворена театарска сцена, без сценарио и режија, каде дефилираат голем број маскирани вевчанци, пред своите сограѓани, но и бројна публика од земјава и странство.
Вевчанскиот карневал, датира од настанокот на селото, со традиција од околу 15 века. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
