Со низа настани Србија го слави Денот на државноста

Денеска е Ден на српската државност во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога започнало Првото српско востание, а на истиот датум во 1835 година бил донесен првиот српски Устав.
Празникот ќе се одбележи со низа настани, а централната државна церемонија ќе се одржи во Орашац, а ќе ја води премиерот Ѓуро Мацут.
Во зградата на старото собрание во Крагуевац ќе се одржи Сретенска академија, бидејќи Денот на државноста на Србија паѓа на верски празник - Сретение.
Денот на државноста на Србија се слави на 15 и 16 февруари.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им го честиташе на сите граѓани - Денот на државноста.
„На Сретение, со гордост се сеќаваме на историските моменти во кои Србија ги постави темелите на својата слобода, уставност и државност. Овој голем празник нè потсетува на силата на единството и одговорноста што ја имаме да ја зачуваме стабилноста и да изградиме безбедна иднина за нашата земја. Им го честитам Националниот ден на сите граѓани на Република Србија. Нека Сретение ни биде поттик да продолжиме да работиме за силна, успешна и горда Србија“, се вели во честитката на претседателот објавена на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Според хроничарите, на 15 февруари 1804 година, востаниците предводени од Ѓорѓе Петровиќ-Караѓорѓе, на собир во Орашац, одлучиле да го започнат Првото српско востание.
Во следните неколку години, востаничката војска ги победила османлиските сили и ја ослободила речиси целата територија на Белградскиот пашалук, со што започнало создавањето на српската држава.
Во Крагуевац, исто така на 15 февруари, но 31 година подоцна, во 1835 година, бил донесен Сретенскиот устав, што според хроничарите бил еден од најдемократските устави од тоа време.
Ново на Сител
-

Приведен разбојник од Куманово, осуден на казна затвор од пет години
-

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
-

Претрес во Неготино, пронајдена дрога
-

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната
-

Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта
-

Пад на индустриското производство во јануари
-

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток
-

ЈОРСМ оформи предмет по допрен глас за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Карпош
