Со негативен резултат од брз тест и двојна маска се отвораат фитнес центрите во Грција

По речиси седум месеци пауза поради карантинот и рестрикциите, од денеска почнуваат со работа фитнес центрите во Грција, но под специјални правила и протоколи, меѓу кои и задолжително тестирање и задолжителна употреба на двојна маска, јави дописничката на МИА од Атина.
За вежбање во фитнес центрите, задолжително е еднаш седмично посетителите да покажат негативен резултат од брз тест или селф тест (тест за домашна употреба), а истото важи и за вработените.
Двојна маска или маска ΚΝ95/FFP2 е исто така задолжителна со исклучок на аеробик вежбите, но само доколку постои растојание од најмалку три метри меѓу лицата.
Меѓу вежбите, како и пред и по употреба на секоја од справите неопходна е дезинфекција на рацете со антисептик, забранета е употребата на сауни или спа, соблекувалните ќе се користат само за оставање на личните предмети, а неопходно е закажување термин за посета на фитнес центрите.
Од денеска, стапуваат во сила и останатите мерки во Грција како што се намалување од 50 на 20 отсто на работата од дома за државниот сектор, дозволена е употребата на терените на отворено за мал фудбал и кошарка, а од утре може да се организираат спортски натпревари вон стадионите, како што се маратоните, но само под услов да има до 300 лица поделени во групи од по 50 учесници и по претходно направен тест за Ковид-19, но и без доделување награди и без публика.
Паралелно, дополнително е проширена листата на граѓани кои можат бесплатно, од аптеките да подигнат селф тест, односно тест за домашна употреба.
Освен учениците и просветните работници, сега тестовите се достапни за сите граѓани на возраст од 18 до 30 години.
Во однос на актуелните мерки што се во сила во Грција, нема никакви промени, маската и понатаму е задолжителна и на отворено и во затворен простор, полицискиот час останува од 00.30 часот, а продолжена е и забраната за музика во угостителските објекти, што работат само на летните тераси.
Ново на Сител
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
-

УХМР најавува натпросечно жешко лето, јули најкритичен месец
