Македонија
31. May 2018 - 11:17

Со мотор излетале од патот - повредени две млади момчиња во Кочани

На магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Стара река“ - атар на с.Чифлик, кочанско, Т.Ј. (26) од с.Оризари, кочанско, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ излетал од патот. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека неговиот сопатник - З.И. (17) од с.Чифлик се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.