Со минута молчење во САД почна одбележувањето на две децении од терористичкиот напад
Со минута молчење во 08:46 часот на 11 септември, кога првиот авион се урна врз Светскиот трговски центар во Њујорк пред дваесет години, започна одбележувањето на две децении од терористичкиот напад врз САД, во кој животот го загубија 2.977 луѓе.
Во текот на денот на повеќе места ќе има минута молчење, во спомен на жртвите од сите напади врз САД на 11 септември 2001 година.
Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш, како и неколку државни лидери, исто така присуствуваат на одбележувањето на годишнината во Њујорк.
По повод 20 -годишнината од нападот, американскиот претседател ќе присуствува на церемониите на сите три места на нападот, во Њујорк во близина на меморијалниот центар изграден на местото на уништените кули, на полето во Пенсилванија и во Пентагон.
Според планот за комеморација, ќе има шест минути молчење, што одговара на времето на ударот и уривањето на двете кули на Светскиот трговски центар, моментите на нападот во Пентагон и падот на летот број 93.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање