-->
-->
Со исфрлени 20 тони вода од полицискиот хеликоптер, локализиран пожарот во атарот на Селце
-->
Локализиран е пожарот во атарот на тетовско Селце. Како што информира МВР, со прецизно дејствување биле исфрлени 20 тони вода од полициски хеликоптер.
Одделот за воздухопловни единици по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење пожар, го упатил хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени.
Според ЦУК, пожарот зафатил букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, а теренот е стрмен и тешко пристапен. Ренџерската служба три дена се обидува да го локализира, а помош за гаснење е побарана и од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница