Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен

- Во реонот на Јасен, во текот на вчерашниот и денешниот ден припадници на Командата за операции од воздух и копно учествуваат во гасење на шумскиот пожар, при што се исфлени 102 тони вода.
Како што објави Армијата на Фејсбук страницата, во рамки на воздушната интервенција со хеликоптер Ми-8МТ беа реализирани вкупно 46 водени исфрлања (ведра), со што беа испуштени околу 102 тони вода.
-Во гаснењето на овој пожар се вклучени и припадници на баталјонот на специјални сили „Волци“, кој во тесна координација со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ беа ангажирани на уредување на тешко прооден и стрмен терен со цел спречување на понатамошно ширење на пожарот, се наведува во објавата.
Од Армијата додаваат дека целата операција за локализирање и спречување на понатамошно ширење на пожарот се спроведува во соработка со Центарот за управување со кризи, а со цел заштита на населението, имотот и животната средина.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов во пладневната изјава информира дека денеска има шест пожари на отворен простор. Од нив само два се активни, останатите се изгаснати.
-Нов пожар којшто се појави во текот на вчерашниот ден е пожарот во атарот на селото Беловодица, општина Прилеп, којшто се одвива на поголема височина на тешко пристапен терен, поради што денеска упативме да дејствува еден „ер-трактор“ којшто им помага на прилепските пожарникари. И понатаму тешкиот пожар останува во ловиштето Јасен, пожар што со денови се одвива овде, и на којшто дождот немаше никакво влијание, но благодарение на пожртвуваната акција од страна на армиските и полициските специјалци ги затворивме горните кракови, рече Ангелов.
Информира дека на Јасен е активен само еден крак, којшто се движи во насока од ловиштето кон езерото Козјак, односно кон ресторанот што се наоѓа на врвот над езерото Козјак.
-Напред од пожарот имаме стрмен гребен на којшто утрово со по еден тим специјалци со полициските тигри и армиските волци работиме противпожарен појас на исклучително стрмен терен. Нашата намера е доколку огнот не се изгасне со летала, да го стопираме назад, да го пресретнеме на овој гребен, и да не му дозволиме да премине од другата страна, кажа Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
