Со фалсификувана диплома работел во АРМ и МВР
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 47-годишниот Љ.И. од село Лојане, општина Липково, полициски службеник во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
На точно неутврден датум пријавениот извршил фалсификување на диплома за завршено средно образование, издадена од средно училиште „25 Мај“ од Прешево, Република Србија. После тоа, на почетокот на 2003 година ваквата диплома ја приложил во Министерството за одбрана при склучување на договор за вработување како професионален војник. Исто така, кон средината на 2005 година, ваквата диплома била употребена и при склучувањето на спогодба за преземање на работник во Министерството за внатрешни работи, со што пријавениот засновал работен однос како полициски службеник.
На 7.7.2005 година Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а во врска со употребата на наведената лажна диплома при засновање на работен однос. По ова, на 19.3.2007 година Основниот суд Куманово донел пресуда со која го осудил пријавениот како виновен, за што не го известил Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Пожар во Визбегово - гори отпад
-
Антонио Пандовски трча 600 км до Острог: За децата од Клиниката и свесност за попреченост
-
Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос
-
Македонски државјанин обвинет за тероризам во Швајцарија - организирал состаноци во неговиот стан
-
Вторa средба на Трамп и Нетанјаху за два дена, главна тема – прекин на огнот во Појасот Газа
-
Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај Дојран, ер трактор над фабриката Самоков
-
Регистриран вкупно 31 пожар на отворен простор - Активни седум, два локализирани
-
Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц