Со ДНК анализа против неодговорните сопственици на кучиња

Функционерите на градот Тарагона на североистокот на Шпанија планираат со ДНК анализа на кучешки измет да ги најдат неодговорните сопственици на кучиња, кои не чистат по своите миленици и така ќе ги казнуваат, пренесоа локалните медиуми.
Функционерите на овој крајбрежен град планираат да соработуваат со локалниот универзитет за да создадат ДНК база на податоци на регистрирани кучиња и на тој начин да ги идентификуваат сопствениците, рече Ивана Мартинез, градски советник за јавни простори на локалното радио Кадена Сер.
ДНК измет најден на улица или во парк ќе биде провлечен низ датотека и неодговорниот сопственик ќе добие казна, објасни таа. – Моментално, ако полицијата не е на лице место во вистински момент, тешко можеме да дознаеме кој ги крши правилата – рече Мартинез.
Сопствениците на кучињата ќе мора да ги платат трошоците за ДНК анализата и да платат казна.
Мартинез додаде и дека градските власти сакаат датотеката да биде што побрзо оперативна но за сега не се знае почетокот на нејзината работа.
Тарагона, град со околу 135.000 жители, познат е по локалитети од римскиот период вклучувајќи и амфитеатар покрај морето и има 2.800 регистрирани кучиња.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
