Со Букурешкиот договор на денешен ден Македонија е поделена помеѓу соседните држави
На денешен ден на 10 август 1913 беше склучен Букурешкиот мировен договор со кој е поделена етногеографска Македонија помеѓу балканските држави: Грција, Бугарија и Србија и мал дел на новоформираната држава Албанија.
Со овој договор Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел.
Во периодот помеѓу двете светски војни Македонците во овие држави немаа никакви политички и национални права. За време на Втората светска војна, застанувајќи масовно на страната на антифашизмот, Македонците во т.н. вардарска дел на Македонија се ослободија со свои сили и создадоа држава во рамките на федеративна Југославија. Подоцна со референдумот за самостојност од 1991 година беше создадена Република Македонија.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
