Оваа патека се смета за „најопасна“ на светот и само еден погрешен чекор или движење би можело човек да го плати со животот. Истиот овој пат го користеле монаси, стотици години наназада, за да дојдат до религиските утврдувања.
Денеска по оваа патека поминуваат туристи желни за авантура и добро селфи, иако има и од оние религиозните кои ги следат чекорите на монасите. Според податоците на УНЕСКО на ова место се наоѓаат дури 300 камени табли и 750 духовни ракописи кои датираат уште од пред 1.000 години.

