-->
-->
Снег во Грција предизвика големи проблеми во сообраќајот
-->

Телевизијата ЕРТ јави дека на некои патишта се формирале километарски колони, во кои стотици автомобили биле блокирани од снегот.
Снег почна да врне вчера, кога илјадници Грци тргнаа на пат за Божиќ.
На автопатот Атина-Ламија се создала сообраќајна колона од 15 километри поради која патниците во автомобилите чекале и до осум часа. Сообраќајот бил нормализиран синоќа околу полноќ.
Во многу области во земјата постојано се објавуваат предупредувања возачите да стават синџири за снег, а полицијата забрани движење за тешки товарни возила на голем број патишта, главно во планинските области.
Поради силниот ветер, некои пристаништа се затворени. Грчка спасувачка екипа денеска спасила мал брод со 12 члена екипаж во близина на Миконос, кој бил зафатен од силната бура во областа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки