Снег што паднал од зграда затрупал мајка и двегодишно дете во Жабљак
Огромна количина снег и мраз паднала од кровот на зграда во центарот на Жабљак во Црна Гора врз жена и дете, а благодарение на реакцијата на граѓаните и полицијата, тие не се здобиле со повреди.
Како што објаснува порталот ЦдМ, во околу 16 часот вчера, четиричлено семејство пешки се движело кон центарот на Жабљак, а додека поминувале низ една станбена зграда од кровот паднала голема количина снег и мраз и целосно ги затрупала жената и 2-годишното дете.
Реагирале и вработените во блиските објекти, како и припадници на полицијата и други граѓани кои со помош на лопати за снег и голи раце брзо го отстраниле снегот и мразот.
Ја пронашле мајката стуткана врз детето и ги извлекле од наносот и евакуирани од Брзата помош.
После медицинскиот третман утврдено е дека немаат повреди кои бараат специјалистички прегледи.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет