Македонија
29. December 2016 - 13:07

Снег ја покри Македонија - Еве каде вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Крива Паланка, Делчево, Крушево, Дебар, Попова Шапка и на планинските премини Ѓавато, Буково и Плетвар. Во цела Македонија дува засилен северен ветер, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.