-->
-->
Сменет шефот на обезбедувањето заради инцидентот со обесените огромни црвени гаќи наместо чешкото државно знаме
-->
Петр Донгрес, директорот на Управата за безбедност и заштита на чешкиот претседател Милош Земан си заминува од функцијата.
По инцидентот, во кој активисти на „герилската“ уметничка група „Зтоховен“, на Претседателската резиденција во Прашкиот замок „Храдчани“, наместо чешкото знаме закачија огромни црвени гаќи, Донгрес изјави дека не чувствува одговорност, јави дописникот на МИА од Прага.
- Покрај господин Донгрес одговорност сноси и шефот на Државната гарда, рече Земан кој изјави дека оставката е по негова иницијатива, а најави и други разрешувања.
„Зтоховен“ во саботата го симна националното знаме на Чешка и наместо него на јарболот обеси црвени гаќи „за да го искаже ставот против мажот кој од ништо не се плаши“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД