Случајна средба открила застрашувачка грешка: Мајките се посомневале дека децата им се заменети во породилиште, сега ги чекаат наодите од ДНК

Две мајки од Бразил во шок ги чекаат наодите од ДНК тестот кој ќе покаже дали нивните 9-месечни синови се заменети во породилиштето по раѓањето.
Франсиела Монтеро Гарсија и Ериванија да Силва Сантос од градот Алта Флореста на западот на Бразил, се подложиле на ДНК тестирање за да утврдат дали се мајки на децата кои во мај минатата година го донеле дома од породилиштето.
Шокантната грешка ја откриле сосема случајно на состанок на мајките во клиниката, и тоа пет месеци по раѓањето на децата. На рутински преглед кај педијатар, Франсиела забележала сличност на другото бебе со нејзиниот сопруг.
Мајката го земала дури кога заздравило и веднаш се посомневала дека децата се заменети, бидејќи на неговиот зглоб стоело име од друга жена. Франсиела се јавила во болницата, но и било кажано дека нема шанси децата да се заменети.
Франсиела веќе направила ДНК тест кој покажал дека таа не е мајка на 9-месечното бебе. Сега двете жени се во контакт и соработуваат додека судскиот процес не заврши.
"Секој ден, боли се повеќе, ги сакам двете деца како никој, но мојата најголема желба е моето дете да биде во моите прегратки што побрзо", вели Франсиела и додава дека сака да остане во контакт со другото семејство и детето кое го гледала како свое девет месеци. "Сега имаме две деца, едно од крв и едно од млеко".
Ново на Сител
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
