Случај „Ровер“: Љубе Бошкоски ја напушти судницата

Во Основниот суд Скопје 1 денеска по трет пат почнеасудењето за случајот „Ровер“ во кој за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев, покрај другите, обвинет е и екс-министерот за внатрешни работи и лидер на ОМ-Љубе Бошковски.
Апелациониот суд веќе два пати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и неутврдена фактичка состојба.
Судењето во првостепена постапка и по трет пат го води истиот судски совет, предводен од судијата Илија Трпков.
Љубе Бошкоски ја напушти судницата под изговор дека не сака да му суди судијата Илија Трпков и ќе чека предметот Ровер да го преземе специјалната обвинителка Катица Јанева, како и предметот Кампања за кој Бошкоски одлежува казна.
Според пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
