Случај Рамадан Рамадани: И исламскиот радикализам е дел од СДСМ и СОРОС
До каде оди подземаната политика на фондацијата Сорос Македонија, или Отворено општетсво Мкаедонија која две децении ја предводат партиски кадри од СДСМ, а корисници на пари се функционери на СДСМ за политички акции за поредби на таа партија, како и новинари кои со децении се навните платни списоци.
Згора на ова, фондацијата Сорос е меѓународна иснтитуција која има и силни лоби врски во меѓународни и дипломатски фондции па и тие пари, странски, кои влегуваат во Македонија по дефиниција завршуват речиси без исклучок кај истите луѓе кои се во кругот на фондацијата Сорос од Македонија.
Од вчерашниот прес на нивниот активист Џабир Дерала, кој на сметка на неговата таканаречена невладина организација Цивил примил околу 550.000 евра, дознавме дека освен од фондацијата Сорос Цивил и Џабир Дерала добивале пари и од Швајцарската агенција за развој, американскиот балкански фонд, ОБСЕ, УСАИД, од амбасадите на САД, Холандија, Германија.
Со ова Џабир Дерала ја потврди информацијата дека фондацијата Сорос создава политичка, подземна мрежа во која лично инвестира 5 милиони евра годишно, плус речиси сите пари од странск амбасади и фондови кои завршуваат речиси без исклучок кај активистите на Сорос. Со оглед на тоа дека Цивил, и сите носечки организации на фондацијата Сорос се занимаваат со политика, и тоа секогаш политика во полза на СДСМ, од ова се гледа колкви големи странски сретства и капацитети се ангажираат за СДСМ да дојде на валст, и тоа без избори.
Дали наведените амбасади и старнски организации, кои финансираат органзиации на фондацијата Сорос, ја подржуваатт и нивната политика? Дали подржуваат перење пари преку фиктивни организации, како онаа во Кавадрци за која детали објави Сител? Дали поддржуваат улични насилства со политички цели и блокади на иснтитуции, како што гледаме последниве месеци од активисти на фондацијата Сорос? Дали поддржуваат јавни линчувања, напади, навреди, клевети и насилства врз неистомисленици, членови на семејства на јавни личности кои не се дел од кампот на Срос и СДСМ - какви секојдневно гледаме по нивните сајтови од типот на Либертас, Доказ, Мактел и десетина други.
Најпосле, дали амбасадите и фондацијата Сорос поддржуваат и финансираат активисти кои се дел од исламскиот радикализам во Македонија?!
Член на извршен одбор на фондацијата Сорос во Македонија е Рамадан Рамадани. Тоа може јасно да се види и на нивниот сајт.
Рамадан Рамадани, според угледната американската истражувачка агенција Стартфор е исламски радикал, еден од лидерите на вахабистите во Македонија. Според македонската Исламска верска заедница Рамадан Рамадани практицира авганистански вахабистички ислам.
Логично на претходното, како функционер на фондацијата Сорос, овој радикален исламски активост зема свој удел во пролетните протести на СДСМ и Сорос, и објави свои намери за уривање на владата.
На 8 мај годинава Рамадан Рамадани, функционрр на Сорос и исламски радикал со пост објавен додека Рамадани престојувал во Либија – најавува и повикува демонстрантите да влезат во домовите на функционерите и политичките неистомисленици, и да ги нападнат. Секој ден ќе има се повеќе стапови, а се помалку знамиња меѓу демонстрантите, најавува Рамадан Рамадани, и вели дека во Либија го научиле – колку стапот повеќе доцнел, толку последиците биле полоши.
Својата подготвеност кон насилство Рамадан Рамадани ја покажа и во тепачката кога во Скопје предводеше насилно преземање џамија која легално е водена од Исламската верска зњедница.
Исламиот радикализам, и тоа од самиот врв, е влезен во фондацијата Сорос, со име Рамадан Рамадани седи во управниот одбор на таа органзиација.
Очекуваме дипломатите и стратснките фондации, како и фондацијата Сорос, да ни објаснат што бара исламскиот радикализам онаму каде што одат нивните пари, а СДСМ да објасни има ли некое подезмје со кое таа партија не е во соработка.
