Случаен допир со непозната жена му го уништи животот
Марк Пирсон од Велика Британија не ни сонувал дека еден случаен допир со рамото со непозната жена ќе му го промени животот.
Марк поминувал крај страницата Вотерлу во Лондон држејќи весник во едната рака, а ранец во другата. Наишол на непозната жена која се движела во спротивен правец и со рамото ја допрел, барем така тој мислел.
Непозната жена, инаку актерка која во тој момент одела на проба, го пријавила Пирсон во полиција дека сексуално ја нападнал раскажувајќи ги сите детали на „силувањето“. Несреќниот маж со години се борел со судот, за минатата недела по 90 минутно судење, поротата да одлучи дека не е виновен, но штета за него е веќе направена.
-Секој кој ја виде снимката од сигурносната камера знае дека тоа не можев да го направав. Би било потребно да застанам, да се наведнам, да ја бутнам раката под сукњата, да ја извадам раката и сето тоа додека држам весник и одам, истакнува Марк кој денес страда од депресија.
Тој објаснил дека еден момент, цела една година од неговиот живот ја претворил во пекол.
-Државата ментално ме малтретираше, иако немаше ниту еден сведок, објаснува Пирсон за Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток