Словенија: Шест години ja чувал мртвата мајка во стан и ја земал нејзината пензија
Словенечката полиција уапси 67-годишен маж кој шест години ја криел смртта на својата мајка и ја подигал нејзината пензија. Нејзиното тело било пронајдено во стан во Љубљана, откако роднините го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција.
Полициската управа во Љубљана наведува дека на крајот на минатата недела роднините на исчезнатата 97-годишна старица го пријавиле случајот како сомнителен затоа што 67-годишниот маж, односно син одговорен за нејзината грижа, ги спречувал сите контакти.
Со понатамошно собирање информации, полицијата го пронашла телото на бараното лице во стан во Љубљана. Според досега познатите податоци, смртта се случила пред шест години, а причината за смртта сè уште не е позната, велат од полицијата.
Осомничениот ги уверувал роднините дека е жива, а бидејќи имал полномошно, тој ги подигал приходите од нејзините сметки, како и нејзината пензија, пишуваат медиумите.
Од полицијата наведуваат дека уапсеното лице е осомничено за кривично дело сквернавење на мртво тело, за предизвикување смрт со занемарување и за измама.
Според телевизиската станица ПОП-ТВ, неофицијално се знае дека синот го чувал мртвото тело на мајката шест години во стан, а на другите роднини им тврдел дека таа не сака да комуницира со нив, а во меѓувреме редовно и ја подигал пензијата.
Ново на Сител
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
