Словенија повлекува 12 тони ќебапи од Полска
Словенечката агенција за безбедност на храна нареди повлекување од продажба на 12 тони говедско месо увезено од Полска и подготвено за ќебапи, пишува словенечкиот весник „Вечер“ и наведува дека месо од истата серија е испорачано и до купувачи во Хрватска и Унгарија.
Според весникот, станува збор за месо од Полска кое на словенечкиот пазар го дистрибуира компанијата Алебон, а повлекувањето на оваа серија го препорачаа полски надзорни органи.
Месо од истата серија е испорачано до 41 ресторан за брза храна во Словенија.
– Се уше нема службено известување од полските органи, а словенечките анализи покажаа дека во месото што се повлекува од пазарот има траги од кетопрофен, нестероиден антиинфламаторен лек. Лекот во телото на животното кое се третира вообичаено се разградува во рок од 24 часа после примањето, што значи дека говедата биле „лекувани“ со него непосредно пред да бидат заклани, а тоа е забрането, пишува „Вечер“ во врска со можната причина за повлекувањето.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро