Словенечкиот министер за финансии поднесе оставка

Словенечкиот министер за финансии Душан Мрамор денеска поднесе неоптповиклива оставка поради лични причини.
Премиерот Миро Церар ја прифати оставката и го извести Парламентот.
Мрамор на прес-конференција истакна дека оставката е мотивирана само од причини од лична природа и оти сака да ја продолжи универзитетската кариера како професор по економија на љубљанскиот Економски факултетет.
Тој две години беше во Владата на Церар, а во 90-тите години исто така беше министер за финансии во владата на Јанез Дрновшек.
Лондонското списание „Банкер“ на почетокот од годината го прогласи Мрамор за најуспешен европски министер за финансии поради достигнувањата во симулирање на економскиот раст и балансирање на јавните финансии, како и за приватизација на државните претпријатија и стабилизација на банкарскиот систем.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
