Словенечка компанија изработува проект за велосипедски патеки на Јабалница

Планината Јабланица има природен потенцијал за развој на велоспиедски туризам, за што потврдува словенечка компанија која изработува проект за изградба на велосипедски патеки.
Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски информира дека словенечка компанија работи на проект за изградба на околу 30 километри велоспиедски патеки на Јабланица.
- Јабланица е планина со убави патеки, кои веќе се обележани, постојат и не треба големи инвестиции да се уредат. Потребна е работна сила која ќе ги расчисти грмушките и гранките за непречено возење велоспиед, вели Угриноски.
Според него, и сега има голем број велосипедисти кои доаѓаат на рекреација, но со комплетната реализација на проектот и уредување на патеките очекува поголем интерес.
За сместувачки капацитети, градоначалникот посочува дека општината располага со довоелн број легла.
- Велоспиедистите не бараат квалитетно сместување, бараат само кревет, бања и по цел ден се на терен со ранците и велосипедите, истакна Угриноски.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
-

Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија
-

Почнува пролетта
