Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на земјава

Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет, по што ќе биде одржана тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија Владимир Шимоњак ќе потпишат меморандум за соработка во областа на економијата, по што е предвидена заедничка прес - конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини.
Словачкиот претседател потоа ќе го посети и Собранието каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.
Во рамки на официјалната посета, Пелегрини ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
