Словачкиот министер за надворешни работи во посета на земјава
Министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок денеска ќе престојува во работна посета на земјава на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Покрај средбата во Министерството за надворешни работи, Корчок ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбите ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, можностите за нивно унапредување во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план. Се очекува да бидат отворени и темите за евроинтегративните процеси на нашата земја, соработката во рамки на НАТО и другите меѓународни организации.
Посетата на словачкиот министер е во рамки на неговата турнеја по земјите од Западен Балкан и ангажманите на Словачка за обезбедување европска перспектива за регионот.
Ново на Сител
-

Промотивен настан во Владата по повод имплементацијата на Законот за работно ангажирање лица
-

Лукман потпиша за Атлетико Мадрид
-

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
