Слика на Пикасо продадена за 67 милиони долари
Сликата на Пабло Пикасо „Ноќниот пејач“ е продадена за 67,5 милиони долари на аукција организирана од Сотби во Њујорк, на која беа понудени 122 дела на познатги уметници.
Есенската аукција на Сотби во Њујорк започна во средата вечер со продажба на 77 уметнички дела, кои беа во посед на колекционерот Алфед Таубман.
Аукциската куќа соопшти дека вкупната вредност на колекцијата на Таубман се проценува на 500 милиони долари.
Делото на Пикасо е насликано во 1901 година, а неговата вредност пред аукцијата се проценуваше на 60 милиони долари. Сликата е дел од неговиот син период.
Сликата на Винсент Ван Гог „Пејсаж под бурно небо“ е продадена за повеќе од 54 милиони долари, додека рекордниот износ платен за некое негово дело е 82,5 милиони долари.
Делото на импресионистичкиот сликар Клод Моне „Водени љиљани“ е продадено на аукција за 33,8 милиони долари.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите