Следната седмица преку МФ ќе започне исплатата на повратот на ДДВ
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ.
Како што стои во соопштението, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ.
- Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот, појаснвуаат од УЈП.
Враќањето на вишокот на влезниот ДДВ, се додава, е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период.
- Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор - регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ, се вели во соопштението.
Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција, се подвлекува во соопштението, веќе се отпочнува со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да се обезбеди унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор