Бизнис
25. May 2016 - 10:56

Следната рата од заемот за Грција ќе изнесува 10,3 милијарди евра

Претседателот на Еврогрупата Јерун Дијселблум објави дека следната рата од заемот за Грција ќе изнесува 10,3 милијарди евра и ќе се повлекува во под-транши. Тој исто така рече дека во однос на долгот бил постигнат договор и за краткорочните и долгорочните прашања, како и за долгорочен механизам.

Дијселблум додаде дека Меѓународниот монетарен фонд ја изразил својата намера да учествува во грчката програма пред крајот на годината. Тоа ќе се случи откако ќе биде направена новата анализа за одржливоста на грчкиот долг и проценката на мерките кои биле утврдени на состанокот на Еврогрупата и се однесуваат на долгот.