Славевски: Град Скопје нема пари да и даде на Владата за парно

Град Скопје нема ресурси да помогне во покривањето на дел од високите трошоци на БЕГ за набавка на природен гас, изјави денеска Трајко Славевски, претседател на Советот на Град Скопје, во емисијата „Утрински брифинг“.
– Тоа е бесмислено, кога гледаме дека Владата има многу поголеми ресурси. Владата, за разлика од сите општини и Град Скопје може да се задолжува. Таа е суверена и може да ускокне во оваа ситуација. Има уште еден проблем – ние не знаеме која е сумата што треба да се дотира – рече поранешниот министер за финансии и додаде дека Град Скопје никогаш немал ставки за вакво субвенционирање во својот буџет.
Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека Владата во име на потрошувачите ќе му плати на БЕГ, за домаќинствата да не добијат повисоки сметки за топлинска енергија. Бектеши ги повика Град Скопје и општините да помогнат и да платат дел од долгот, односно милион евра, а Владата да покрие трошок од 5 милиони евра.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
