Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите - истакна гувернерот на Народната банка Трајко Славески.
Тој во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија истакнува дека по краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира.
-Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем - посочи гувернерот.
Според него, банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитал и ликвидност. Адекватноста на капиталот изнесува околу 19 проценти, обезбедувајќи значителен заштитен слој во услови на неизвесност.
Осврнувајќи се на инфлацијата, гувернерот истакна дека тековните случувања во светот носат одредени ризици, пред сè преку цените на енергентите и нарушувањата во светските синџири на снабдување. Сепак, како што вели, Народната банка внимателно ги следи состојбите и е подготвена да реагира со сите расположливи инструменти.
Како дополнителен столб на стабилноста се посочени девизните резерви, коишто на крајот на февруари изнесуваа над 5,5 милијарди евра, што е значително повисоко ниво од 70 проценти во однос на периодот пред пандемијата, обезбедувајќи сигурна поддршка за стабилноста на девизниот курс.
Во однос на изборот на вицегувернери, гувернерот истакна дека постапката се одвива согласно законските процедури. Предложени се двајца високо искусни професионалци од Народната банка – госпоѓата Ана Митреска, досегашен вицегувернер со искуство во монетарна политика и истражување, и господинот Игор Величковски, експерт за платни системи и интеграција во регионални и европски платежни структури.
Овие предлози обезбедуваат континуитет во работењето и дополнителна стабилност на институцијата.
МИА
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
