СКСЗМ и Трговската комора на Унгарија во РМ потпишаа меморандум за соработка
Стопанската Комора на Северо-западна Македонија и Трговската комора на Унгарија во Република Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка.
- Земајќи го предвид фактот за натамошен развој на стопанската дејност на северозападниот регион на Македонија и потребата за натамошно продолжување и продлабочување на трговската соработка, со оваа соработка ќе се воспостави меѓусебна соработка, координација и ефективен дијалог во спроведување на економските активности на деловните субјекти во северозападна Македонија, соопштија денеска од Стопанската Комора на Северо-западна Македонија.
Говорејќи за можностите за соработка со унгарската стопанска комора, претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа го истакнал и заедничкото аплицирање во разни меѓународни проекти во соработка со претпријатијата од нашата земја.
Заменик-претседателот на Групацијата на бизнис жени, Мерита Рамадани Алими истакнала дека верува во оваа иницијатива и се надева дека наскоро ќе бидат во можност да ги споделат резултатите што ќе произлезат од оваа соработка и, како што рекла, заеднички да прослават многу нови успеси.
Додала и дека ќе се ангажираат кон спроведување реформи во процесот на деловна активност и иновативност на членките на комората на Северозападна Македонија, како и обезбедување полна логистика во процесот на имплементација на нови технологии во рамките на производствениот процес.
Во рамките на оваа соработка, ќе се реализираат активности кон промоција на компаниите од областа на земјоделството, фармацевската индустрија, комуналните дејности, заштита на животната средина, прехранбена индустрија и други стопански дејности пред претставници на трговски друштва од Република Унгарија.
Планирано е и заедничко претставување на саеми и остарување контакти со бизнис и деловни партнери од Унгарија за натамошна соработка.
Потписниците сметаат дека овој Меморандум е првиот чекор во развојот на односите меѓу двете земји во областа на економијата и оти тој ќе им овозможи на компаниите во Македонија и Унгарија да ги зголемат нивните бизнис активности и да ги прошират своите пазари.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур