Скопското обвинителство поведе постапка против двајца малолетници

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против две 14-годишни децакои на 6 ноември во еден часот по полноќ, на ул. Битпазарска, во близина на кафе барот „Стоп“ по настаната вербална расправија тешко телесно го повредиле оштетениот 18-годишен К.С.
Како што соопшти денеска Обвинителството, децата со умисла го нападнале оштетениот, го удирале со тупаници во пределот на главата и градниот кош, од кои удари оштетеното лице паднало на земја, здобивајќи тешка телесна повреда изразена во вид на контузии на главата со повреди на мозокот, крвавење и со наполнети бели дробови со течност. Од настанатите повреди животот му е доведен во опасност.
Надлежен јавен обвинител од скопското Обвинителство поднел Барање за поведување на подготвителна постапка против децата во судир со законот од 14 до 16 години до Судијата за деца при Основниот суд Скопје 1 Скопје поради постоење на основано сомнение дека сториле дејствие што со закон е предвидено како кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 ст.3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
- Извршено е испитување на сторителите од страна на судија за деца, издадени се Наредби за вештачење на траги пронајдени и фиксирани на местото на настанот и одземени се предмети кои можат да придонесат во натамошната постапка, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител поради сериозноста на стореното кривично дело, доставил до судот Предлог за определување мерка притвор за децата во судир со законот. Судот, решавајќи по предлогот, не го прифатил, но изрекол мерки на претпазливост и тоа, одземање на патните исправи на двете деца и обврска да не го напуштат местото на живеење.
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, како што се додава во соопштението, интензивно ќе продолжи со преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
