Скопското Обвинителство постапува по аудио снимката за градоначалникот Дудуш

Основното јавно обвинителство Скопје денеска добило писмено известување од Секторот за внатрешни работи – Скопје кое се однесува на објавата на аудио снимка на порталот „Лидер“, како и статија со наслов „АУДИО БОМБА: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“.
-Веднаш по приемот на писменото известување надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал. Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали, соопшти Јавното обвинителство.
Оттаму посочуваат дека истовремено до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.
-Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издаде наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци околу неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности, се наведува во соопштението.
По преземање на сите овие дејствија, доколку притоа бидат обезбедени релевантни докази за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
