Скопското обвинителство бара притвор за жител од Батинци поради недозволено држење оружје и муниција
Скопското обвинителство донело наредба за спроведување истрага за недозволено држење оружје и муниција за жител од скопско Батинци.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
- При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество муниција – три пиштоли и вкупно 643 куршуми со различен калибар и наменети за различни видови оружје, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските основи, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан