Македонија
13. March 2019 - 15:07

„Скопско“ – 95 години на македонскиот пазар

 „Пивара Скопје“ лансираше нова комуникациска платформа, со што започнува одбележувањето на 95-годишнината од создавањето на брендот „Скопско“.

– Носечки елемент на новата комуникациска платформа е видео-спотот кој на емотивен начин ја пренесува пораката за „Скопско“ како социјално врзно ткиво кое продолжува да повикува на заедништво. Видео-спотот го илустрира „Скопско“ како извор на инспирација на многу генерации, поттикнувач на оптимизмот и креатор на заеднички доживувања што го слават животот, соопштија од компанијата.

Во изминатиот период на македонскиот пазар се пласираа неколку бренд-екстензии: „Скопско Радлер“, „Скопско Цреша“, „Скопско Темно“, „Скопско Smooth“ и „Скопско Нефилтрирано“, со што, како што велат од „Пивара Скопје“, се потврдува водечката улога на „Скопско“ на пазарот.

– Да се создаде и развие идентитет на производ како „Скопско“ и тој да израсне до ниво на бренд-икона неопходни се обемни и континуирани вложувања во најсовремена технологија, како и големо знаење, вештини, креативност и многу љубов на генерации луѓе во Пивара Скопје кои со децении посветено работат да го одржат високиот и постојан квалитет, уникатен вкус, изглед и свежина на „Скопско“, наведе Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.