Скопскиот аеродром доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година

Меѓународниот Аеродром Скопје доби награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2025-та година за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).
Концесионерот ТАВ Македонија денеска соопшти дека наградата која скопскиот аеродром ја добива 11 пат е уште едно признание од патниците во заминување кои што ги пополнуваа анкетите за задоволство од квалитетот на аеродромските услуги, преку кои се мерат клучните индикатори како што се ефикасноста на пријавувањето на патници и багаж (чекирањето), безбедносната проверка, снаоѓањето низ аеродромот, како и целокупната леснотија при движење низ аеродромот.
- Признанието по 11-ти пат ја покажува конзистентноста на нашата оперативна извонредност и нашата постојана посветеност на квалитетни аеродромски услуги. Во 2025 година, исто така, достигнавме историски успех со тоа што услуживме рекордни над 3 милиони патници – што го прави ова достигнување уште позначајно.Оваа награда, целосно заснована врз повратните информации од патниците преку програмата за квалитет на аеродромските услуги, го потврдува нашиот стратешки фокус на ефикасност, сигурност и патничко искуство, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според Џастин Ербачи, генерален директор на ACI World, добивањето на ASQ наградата за квалитет на аеродромските услуги од ACI ја потврдува континуираната посветеност на Меѓународниот Aеродром Скопје да ги слуша своите патници. - Ова признание ја одразува вашата заложба за постојано унапредување и обезбедување исклучително патничко искуство за сите патници, посочува Ербачи.
Меѓународниот Aеродром Скопје припаѓа во ASQ панел од 20 аеродроми, во категоријата аеродроми во Европа со големина од 2 до 5 милиони патници годишно. Покрај Меѓународниот Aеродром Скопје, другите аеродроми во овој панел се аеродроми во Италија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Естонија како и уште два аеродроми управувани од ТАВ Аеродроми, аеродромот во Загреб и Тбилиси во Грузија.
Досега, за 2012, 2015, 2013 и 2018 Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби ASQ наградата - Најдобар аеродром во Европа во големината до 2 милиони патници, додека за 2019, 2020, 2021, 2022, 2023 и 2024 аеродромот ја доби ASQ наградата, но во големина од 2 до 5 милиони патници годишно, врз основа на порастот на бројот на патници кој автоматски овозможи да се натпреварува со таа група на аеродроми во регионот на Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
-

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
-

Од црква во Чаир одземен бакарен лим од кровот вреден над 150.000 денари
-

Светска програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад за 45 милиони луѓе
