Македонија
5. August 2016 - 16:54

‘‘Скопски летен ритам‘‘ на пет плоштади до крајот на летото

Над сто реномирани уметници и изведувачи од сите културни институции од Македонија , ќе бидат вклучени во над 40 културни-уметнички настани.  Проектот  „Скопски летен ритам” секој петок, сабота и недела до крајот на летото, ќе се одржува на скопските плоштади  „Македонија” , „Филип Втори”, „Богородица”, „ Мајка Тереза”,  и  „ВМРО”.

-Културните содржини ќе бидат на отворен простор и нема да се наплаќаат влезници. На плоштадот „Богородица“ ќе има етно и фолк содржини, на „Мајка Тереза“ ќе има сериозна музика, на „ВМРО“ ќе има содржини за децата и младината, а на „Филип Втори“ и на „Македонија“ ќе има активности од сите видови жанрови-изјави Вера Бошковска Директорката на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски”.

Целта на проектот „Скопски летен ритам“ е културно-забавно анимирање на граѓаните, туристите и на сите намерници во централното градско подрачје.